Приведени две лица во Скопје, расчистена кражба



ript>

 – Во Полициската станица Аеродром вчера во 13:10 часот биле повикани И.И.(29) и С.А.(28), двајцата од Скопје, осомничени дека на 18.11.2021 одзеле повеќе предмети од објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“ во Скопје.


 

Во службен разговор со полициски службеници, соопштија денеска од МВР, тие го признале делото, а одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.