Приведени двајца разбојници во кумановско

Полициски службеници вчера ги привеле И.В.(41) и М.Д.(34), двајцата од Куманово. Тие биле затекнати при извршување „разбојничка кражба“ во домот на И.П.(62) во с.Долно Којнаре, кумановско, соопшти МВР.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицата биле приведени и задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

Facebook
Twitter
LinkedIn