Приведени двајца криминалци од Штип, поднесена кривична пријава 


Фатен крадец кој нападнал жена во Бутел и ѝ украл златен ланец

Службеници од Полициската станица – Штип ги лишиле од штипјаните слобода С.Е.(19) и С.М.(18). Тие се сомничат дека во периодот меѓу 02.00 и 03.00 часот физички го нападнале О.Ј. (21) од Штип во неговиот дом и одзеле накит и други предмети.

 

 

Како што информираа денеска од МВР, тие се сомничат и дека вчера од домот на М.М.(36) од Штип одзеле личен предмет. Од нив биле одземени предмети кои потекнуваат од ова и други кривични дела и биле вратени на сопствениците.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив е поднесена кривична пријава и тие се изведени пред судија на претходна постапка.