Приведени двајца крадци во Кавадарци, расчистени четири кривични дела


Службеници од Полициската станица Кавадарци вчера лишиле од слобода двајца малолетници, осмничени дека извршиле кривично дело тешка кражба на дрзок начин.

 

 

– Тие во 20.50 часот извршиле кражба од продажен објект во Кавадарци, а пред тоа во друг  продажен објект, одзеле пари од касата. По преземени мерки и активности е констатирано дека 01.07.2022 на подрачјето на Полициска станица Велес во маркет во Велес, од сеф во канцелариска просторија од продажен објект одзеле пари, а истиот ден во уште една продавница во Велес извршиле кривично дело „кражба“ во обид, соопштија денеска од МВР.

Тие се приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив го појасниле начинот на извршување на делата и по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.