– Полициски службеници од ОВР Делчево ги лишиле од слобода М.К.(19) и еден малолетник, двајцата од Делчево, откако при претрес во нивните домови била пронајдена кафеава материја, дигитални ваги и други предмети.
-Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови. Притоа, во домот на М.К. биле пронајдени и одземени кафеава материја и предмети со остатоци од кафеава материја. Додека, во домот на малолетникот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со кафеава материја, две дигитални ваги и други предмети, соопшти денеска МВР.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави