Приведена хрватка поради незаконски престој во државава


– Жена од Република Хрватска утрово била приведена на Граничниот премин Табановце поради незаконски престој во нашата земја, соопшти денеска МВР.



– Утрово околу 01:00 на Граничен премин Табановце, од слобода била лишена Т.П.(20) од Република Хрватска, затоа што при извршена контрола било констатирано дека незаконски престојува во Република Северна Македонија, информира МВР.

Оттаму посочуваат дека таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.