Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, заедно со СВР Штип денеска на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип го приведоа В.И. (51) од Кочани, бидејќи кај него биле пронајдени автоматски пиштол „шкорпион“ и 21 куршуми калибар 7.65 мм.
Од МВР соопштија дека лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство. Известен е јавен обвинител и од страна на СВР Штип, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл.396 од КЗ.