Приведен велешанец под сомнение дека извршил четири кражби


Фатен крадец кој нападнал жена во Бутел и ѝ украл златен ланец

Полицијата лишила од слобода велешанец кој ноќта помеѓу 9 и 10 мај извршил четири кражби.


 

Како што соопшти МВР, на 12 мај во Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д. (42) од Велес поради постоење основано сомнение дека ноќта помегу 9 и 10 мај извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во три продажни објекти и детска градинка на подрачјето на Велес.

Лицето е задржано во Полициската станица во Велес, а дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.