Приведен стружанец баран со потерница



 

Полициски службеници од ПС Струга вчера врз основа на потерница од Основен суд Струга го приведоа У.Б. (30) од с. Горно Татеши кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години. У.Б. е спроведен во КПУ Идризово за издржување на казната, соопшти полицијата.