Приведен сопственик на угостителски објект, прекината семејна веселба


Приведен крадец од Прилеп што крадел во Скопје - МИА

 Полициски службеници од Полициската станица Гостивар вчера во 17.40 часот  го лишиле од слобода М.И.(32) од гостиварското село Добридол, сопственик на угостителски објект во село Добридол, осомничен дека сторил кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.


 

– По претходна пријава, полициски службеници и инспектор од Државниот пазарен инспекторат Гостивар извршиле контрола во угостителскиот објект, кој од претходно бил затворен од ДПИ – Гостивар, при што во објектот биле затекнати повеќе лица кои присуствувале на семејна веселба, соопштија денеска од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.