Приведен сопственик на угостителски објект од тетовско


– Полициски службеници на СВР Тетово во тетовска Мала Речица вчера го лишиле од слобода 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик на угостителски објект, затоа што било констатирано дека објектот работи надвор од дозволеното време.



-При заедничка контрола на објектот од полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, било констатирано дека објектот на 39-годишниот 3.А. работи надвор од дозволеното работно време, а во него биле затекнати шест гости, се наведува во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека З.А. е задржан во полициската станица во Тетово и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здрaвствени прописи за време на епидемија“.