Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, денеска околу 03:20 часот на улица „Христо Татарчев“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот Ј.Д.(18).
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој бил фатен веднаш по извршување тешка кражба во продажен објект, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени нож и одземените предмети, кои биле вратени на сопственикот. Ј.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.