Приведен скопјанец баран со потерница


Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек за потрага денеска во Скопје во 15:20 часот постапувајќи по распишана потерница од Основен суд -Скопје 1, го привеле  А.Б. (38) од Скопје за издржување казна затвор од една година и два месеца во врска со чл.236 ст.1 од КЗ на РСМ.



Од МВР информираа дека лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.