Вчера, доцна ноќта во 23.15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го привеле В.Т.(27) од с.Доброште, тетовско.
Тој се сомничи дека подметнал пожар во куќа во с.Доброште, тетовско, сопственост на Д.И.(34). Пожарот бил изгаснат, а В.Т. бил задржан во полициското одделение и во службен разговор го признал делото.
По целосно документирање на случајот ќе следува содветна пријава.