Приведен лихвар од Свети Николе


Од денеска аплицирање за вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка - МИА

– Полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, вчера во 08:20 часот го лишиле од слобода О.Ц.(49) од Свети Николе, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.


 

-При претрес во три објекти во сопственост на О.Ц. извршени со судска наредба, пронајдени се и одземени патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и парични средства, соопшти МВР.

О.Ц. е приведен во полициска станица, а по целосно документирање  и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.