Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 15:30 часот, го лишиле од слобода А.Д.(44) од Куманово, кој се сомничи дека на 1 овој месец на бензинска пумпа на автопатот Куманово – Скопје, одзел паричник од албански државјанин.
Од МВР соопштија дека осомничениот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.