Приведен криумчар од Скопје, со товарно возило превезувал мигранти од Ирак

Приведен-криумчар-од-Скопје-со-товарно-возило-превезувал-мигранти-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 17.30 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 51-годишниот Х.А. од Скопје, извести МВР.


– На местото, тој со товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитна ограда на автопатот и запрел. Поради сознанија дека превезува мигранти, било извршено пребарување на теренот и во близина на местото биле пронајдени три лица мигранти од Ирак, од кои двајца малолетници, кои потврдиле дека пред незгодата се превезувале во возилото, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK