Вчера во 18.00 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ во угостителски објект на улица „Маршал Тито“ во Тетово, при што одзел повеќе предмети, извести МВР.
– Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот А.С.(34) од Тетово, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.