Вчера, во 18.15 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 21-годишниот Е.И. од Шуто Оризари – Скопје, извести МВР.
– Тој се сомничи дека претходно одзел едно моторно возило и извршил тешка кражба во куќа во Струмица, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени возилото и одземените предмети и биле вратени на сопствениците, соопшти МВР.
Е.И. бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.