– Полициски службеници од СВР Струмица, денеска во 10:00 часот во Струмица го лишиле од слобода турскиот државјанин Y.C.(37).
Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека на 31.07.2023 година на улица „Мајка Тереза“ во Струмица одзел пари од лице од Струмица. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.