Приведен крадец во Штип, следува кривична пријава

kradec
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Штип од страна на полициски службеници вчера е лишен од слобода Д.Н.(29) од Злетово, затоа што, според пријавеното, на 28 јуни околу 20:30 часот во угостителски објект во Штип од С.М.(58) одзел ташна во која имало пари, лични документи и клуч од возило.

Како што денеска соопштија од МВР, по целосно документирање на случајот против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK