– Во Охрид, ноќеска во 2 часот после полноќ, полициски службеници од СВР Охрид го привеле З.С.(36) од селото Оморани, Општина Чашка.
– Тој, претходно, на улицата „15 Корпус“ во Охрид, од паркирано патничко возило „голф“ одзел паричник и документи, соопштија од МВР.
Предметите се вратени на сопственикот на возилото, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.