Приведен крадец од Велес



Полициски службеници од СВР Велес денеска околу 10:15 часот го лишиле од слобода В.Ѓ(42) од Велес, по претходна пријава од П.П(87) од Велес, според која во 09:00 часот на улица „Цветан Арсов“ од едно лице му бил одземен паричник со пари и лични документи, информира Министерството за внатрешни работи.


 

По преземените мерки, МВР соопшти дека сторителот е откриен и приведен во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.