Приведен крадец од струмичко, украденото вратено на сопственикот


– Полициски службеници од СВР – Струмица вчера го лишиле од слобода М.Ј. (31) од село Смолари во општина Ново Село, кој се сомничи дека на 7 декември 2021 околу 20 часот одзел пари од куќата на З.М (56) од истото село, соопшти МВР.


 

Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а М.Ј. бил приведен во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од МВР.