Приведен крадец од Скопје, украдените предмети вратени на сопственикот


– Службеници од Полициската станица Карпош вчера во Скопје го лишиле од слобода Б.А. (21) од село Ласкарци, Општина Сарај, поради тоа што во 17.45. часот извршил тешка кражба во продажен објект во трговски центар.



Украдените предмети му биле одземени и вратени на сопственикот, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Осомниечнот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик за „тешка кражба“.