Приведен крадец од Скопје, расчистени три тешки кражби 


 Во Скопје синоќа во 21.25 часот полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Р.(41) од Скопје, поради тоа што извршил три тешки кражби во продажни објекти во трговски центар на подрачјето на Карпош.



Од МВР денеска информираа дека украдените предмети му биле одземени, а тој бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, се наведува во соопштението,  против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик „тешка кражба“.