Приведен крадец од Скопје


Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар утрово во 08.15 часот го лишиле од слобода Џ.Х. (24) од Скопје, непосредно по извршување на кривично дело „тешка кражба  во обид“ од барака сопственост на ЕВН Македонија на подрачјето на Центар.


 

Од МВР денеска информираат дека Џ.Х. бил приведен во полициска станица, при што го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

Во координација со Јавен обвинител, по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.