Приведен дилер од Тетово, пронајдена дрога


– Тетовската полиција приведе едно лице од Тетово откако при претрес во неговиот дом пронашла пакувања со марихуана.


 

-Полициски службеници од СВР Тетово денеска во период од 16 часот и 30 минути до 18 часот, извршија претрес во домот на Е.А. (26) во Тетово. При претресот, реализиран со  судска наредба, пронајдени се 44 пакувања со марихуана. Тој е лишен од слобода, а марихуаната е одземена за вештачење, се вели во соопштението од МВР.

Од Министерството посочуваат дека по целосно документирање на случајот на Е.А. ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик.