Приведен дилер од Куманово, пронајдена дрога


Кумановската полиција синоќа го лишила од слобода Р.Е. (47) поради тоа што кај него пронашле дрога.


 

-На 09.06.2021 во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Е.(47) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица, информираат денеска од МВР.

Од Министерството посочуваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.