Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода прилепчанецот Р.Р. (52).
Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом и други простории во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилки, дигитална вага и други предмети.
-Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.