Притвор за тројца осомничени за сообраќајката кај Ласкарци

На тројца осомничени за автобуската несреќа кај Ласкарци вечерва им е одреден притвор во траење од 30 дена, информира Кривичниот суд.
На две од седумте осомничени лица им е одреден куќен притвор, а на едно лице мерки на претпазливост.
-Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице, кои денеска беа спроведени во судот, судија на претходна постапка по произнесување на лицата како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот донесе решенија со кои за Д.Б., Р.М. и М.Т го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП, се наведува во соопштението на Кривичен суд.
За  И.Ѓ. , Г.Д. и Ј.Б., како што информира Судот, одбиен е предлогот на обвинителството за определување мерка притвор. За И.Ѓ. и Г.Д е определена мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од Кривичниот законик. На Ј.Б. му определи мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува на службено лице во судот и забрана за вршење на работни активности. За  В.Г. е прифатен предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост.

Против овие решенија, странките имаат право на жалба.

Јавниот обвинител од ОЈО – Скопје Сашо Рајчев денеска на прес-конференција рече дека главна причина за несреќата се неисправните сопирачки на автобусот и преголемата брзина со која се движел.

Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.  Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.

Вести

Јакимовски префлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд во Скопје

Поранешнот градоначанк на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски предмалку е префрлен од старата во новата зграда на Кривичниот суд. Во придружба на полицаец Јакимовски  пред новинарите извикна „ќе ги тепаме, не им се плашиме“, симболично покажувајќи […]

Вести

Јакимовски осомничен за бесправна легализација и откуп на земјиште

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ […]

Вести

За Јакимовски и уште две лица се бара притвор, а за шестмина мерки на претпазливост

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против поранешниот градоначалник на […]

Вести

Рускоска за МИА: Јакимовски осомничен за злоупотреба на службена положба и овластувања

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стефчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично пониска цена, за МИА изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска. Според неа, станува […]

Вести

Јакимовски изведен пред истражен судија

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски е приведен и изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Приведени се уште две лица, вработени во општина Карпош. Обвинението е […]

Вести

Приведен Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата „Гром“ Стевчо Јакимовски утрово е приведен и е изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство, кое […]

Интересно

(ВИДЕО) Холандскиот претставник најголем фаворит на Евровизија

До Песната за Евровизија остануваат 56 дена, па обложувањата за годинешната победничка песна, почнаа. Според обложувалниците, со 21 отсто шанси за победа, на прво место се наоѓа Холанѓанецот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Песната на […]

Интересно

Познат рокер повика на бојкот на Евровизија

Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат. Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник […]

1 Comment

  1. Промашена работа на истрагата и обвинителите. Се што откриле поврзано со техничката неисправност е врзано со самата несреќа. Но никој не наведува за причината на 15 човечки жртви. Причината е во неадекватно, и не по пропис и без соодветен надзор изведени браници кои беа откорнати 3 реда. Браниците се проектираат и изведуваат да заштитат од пробивање на возило со брзина од 80-100км и истото остане во коловозната лента. Зар никој не примети дека браниците(челичниот дел) не беа оштетени туку беа откорнати и тоа замислите 3 реда на браници како шпагети. Значи треба да се отвори истрага како биле анкерувани браниците, дали според проектот и прописите за анкерување биле изведени и дали надзорот над изградбата совесно си ја завршил работата????? Ова несреќа отвара прашање за проверка на сите браници поставени на критични места посебно на провалии. Дали голем број од нив се само имитација на браник???

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*