Притвор за три лица за убиство во велешко Долно Караслари


На 24.01.2020 во Полициската станица во Велес приведени се  И.Т.(20). Д.Т.(28) и М.Т.(49) од с.Долно Караслари – велешко поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство на 19.012020 врз нивниот татко и сопруг З.Т. (58 ).

На 19.01.2020 М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство, а јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото. По извршената обдукција на телото, утврдено е дека смртта настапила како последица на задушување на лицето, по што од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, сектор за општ и насилен криминал при МВР и СВР Велес се преземени мерки и активности за расчистување на случајот и биле приведени М.Т. (сопруга на З.Т.) и И.Т. и Д.Т. (синови на З.Т.). По обезбедните докази, тие се предадени на јавното обвинителство, по што се изнесени пред судија на претходна постапка во Основен суд – Велес, каде судијата им одредил мерка притвор.


Вести

АЕК: Ќе се блокираат повиците од странски неидентификувани броеви, граѓаните да не одговараат

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон  домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на […]

Вести

Гордана Јанкулоска сведочеше за „Монструм“

– Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите mомчиња и рибарот на Смилковскоро езеро, кои доаѓале до Гордана Јанкулоска која во 2012 беше министерка за внатрешни работи. Таа денеска во […]

Вести

Милошоски и ја предаде на Русковска аудио снимката што ја пушти на собраниска комисија

–  Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предал аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот […]