Пријава за сопственици на интернет страници кои објавиле класифицирани информации од МВР



ript>


 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Д. од Скопје, правен субјект од Скопје и М.С. од Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање на службена тајна“. На 14.07.2020 првопријавениот, сопственик и управител на второпријавеното правно лице, коe билo и сопственик на интернет-веб страна, како и третопријавениот, сопственик на друга интернет-веб страна, објавиле фотографија со податоци од класифицирани информации со кои располага само МВР, при што класифицираните информации ги направиле достапни на јавноста, информира полицијата.