При претрес во Скопје пронајдена марихуана, приведено едно лице


Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа, околу 19 часот, го лишиле од слобода З.Ј.(42) од Скопје.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.Четирисет и двегодишниот З.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.