При преглед на скопјанец на Бит пазар биле пронајдени гасен пиштол и нож


На 16.01.2021 во 18.30 часот на подрачјето на Бит пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.С.(27) од Скопје, затоа што при преглед кај него биле пронајдени гасен пиштол и нож. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Закон за оружје.