Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 18:25 часот во Тетово го лишиле од слобода К.Р.(24) од Тетово затоа што по извршен претрес, по претходна судска наредба од Основен суд Тетово, во неговиот дом во Тетово била пронајдена и одземена марихуана.
Како што информира МВР, за настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.