Во Кочани вчера бил уапсен Б.А.(22), во чиј дом била пронајдена дрога.
МВР информира дека вчера, во 15:45 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода кочанчанецот Б.А.(22).
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, семки од растението канабис и дробилка, соопштуваат од полицијата.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.