Претрес во Чифлик и Ржаничино, пронајдени оружје и муниција




Полицијата врз основа на судска наредба изврши претрес во дом и други простории во скопските села Ржаничино и Чифлик, кај С.Л.(57) и кај М.Л.(67), и двајцата од с.Чифлик.

При претресот кај М.Л. се пронајдени ловна пушка „штаер“ кал.7,9 мм и 75 куршуми калибар 7,9 мм., додека кај С.Л. се пронајдени 30 куршуми кал. 7,65×39 мм., една празна рамка за автоматска пушка и 6 патрони ловна муниција.

Лицата се приведени, а по комплетно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.