Пресечен меѓународен канал за трговија со хашиш, приведен албански државјанин


– Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, вчера пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Албанија преку Северна Македонија и Бугарија, со крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР. Тони Ангеловски.


 

– По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од Република Северна Македонија) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60), при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава, рече Ангеловски.

МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.

– Завчера беа запленети над половина тон марихуана, а акциите продолжуваат и во наредениот период, вели Ангеловски.

Фото архива