Прекинат сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, се судриле две товарни возила кај село Псача

20230610153003_big_730x400_12
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во прекин е сообраќајот на А2, магистралниот патен правец Куманово – Крива Паланка поради сообраќајна незгода кај селото Псача, Општина Ранковце.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово потврдија дека станува збор за судир помеѓу две товарни моторни возила, има колони на двете страни и увидот е во тек.  Портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска, информира дека прекинот на сообраќајот ќе трае бидејќи станува збор за две товарни возила, со можност, според проценките на полициските службеници на терен, за повремено пропуштање патнички возила.  За подетални информации СВР Куманово ќе информира по завршувањето на увидот од екипата на ОВР Крива Паланка.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK