Вчера во 11.16 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Никола Тесла“ во Битола, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од с.Сарај, скопско, удрило во М.Г.(83) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.