Предложен притвор за дилер на хероин од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 34-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информираат од Јавното обвинителство, на 23 јануари, при претрес во домот на девојката на осомничениот, каде тој престојувал, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје откриле 37,55 грама хероин, спакувани во 13 поединечни пакувања наменети за натамошна продажба.

Освен тоа биле пронајдени и 58,24 грама мешавина од кофеин и парацетамол со траги од хероин, како и една таблета психотропна супстанција 3.4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА) и други предмети со траги од наркотична дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Facebook
Twitter
LinkedIn