Пожарникари реагирале поради малолетници!


На 09.09.2019 во 13.28 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека настанал пожар во малата спортска сала од основно училиште. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита излегла на местото, но немало потреба од интервенција, бидејќи  пожарот веќе бил изгаснат. Според пријавеното, на местото биле затекнти двајца 11-годишни малолетници, кои признале дека се обиделе да запалат два душека за вежбање во салата, а потоа со вода го изгаснале огнот. Увид извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 


Вести

Пентагон: Триесет и четири војници имаат трауматични повреди на мозокот

Пентагон денеска соопшти дека кај 34 американски војници биле дијагностицирани трауматични повреди на мозокот по иранскиот напад врз базата во Ирак на почетокот на овој месец. Според портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман, осуммина војници, кои […]

Вести

ЕУ го именуваше првиот шеф на својата Делегација во Лондон

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел го именуваше Жоао Вале де Алмеида за прв шеф на идната Делегација на ЕУ во Обединетото Кралство. Во соопштението на Европската служба за надворешни работи се наведува дека Вале […]

Вести

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната средба за законот за јавно обвинителство

Не цел половина час по почетокот на средбата на партиските работни групи за законот за јавно обвинителство што се одржува во Собранието претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија дискусијата поради тоа што не била прифатена нивната […]