Се запалила од кујна во една од кулите „Џевахир“, по што настанал пожар.
„На 01.10.2023 год во 16.45 часот било пријавено дека во стан од една од кулите “Џевахир” настанал пожар во кујната, додека во него не биле сопствениците. Притоа, противпожарниот систем се активирал и го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на лице место“, велат од МВР.