Пожар во Мичурин


Пожар во Мичурин - МИА

Скопје, 6 мај 2020 () –  Пред половина час на улицата „Венјамин Мачуковски“, спроти ОУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, во стан на петти спрат избувна пожар кој по брзата реакција на пожарникарите беше изгаснат. Освен вознемирени станари, повредени нема, а причинета е материјална штета.

Командантот на Противпожарната единица во Скопје Владимир Симоновски за информираше дека причината за пожарот е електрична инсталација, односно дека е опожарена сушара за алишта.

Интервенирано е со три пожарникарски возила и 11 пожарникари.

Пожар во Мичурин

Posted by MИА.mk on Среда, 06 мај 2020


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]