Повредени шест лица, 11 сообраќајки изминатото деноноќие во Скопје

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај биле исклучени 30 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената и девет нерегистрирани возила.

Санкционирани се и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, 18 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден почетник.

За непрописно паркирање биле казнети 72 возачи, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 60 возила.

Казнети се и осум пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, тројца за  неносење сигурносен појас и девет за користење мобилен телефон  при возење


Вести

Ратификуван Договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово

Собранието денеска го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Владата на Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи и ја констатираше оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични […]

Вести

ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Томислав Кежаровски. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски соопшти […]

Вести

Средба Пендаровски – Џафери во Вила Водно

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Средбата ќе се одржи во Вила Водно, соопштија од кабинетот на претседателот. Ова е нивна прва официјална средба […]