Повреден малолетник од Албанија при работа на објект во Гостивар


Шеснаесетгодишен албански државјанин се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од тераса од висина од над шест метри при работа на објект во Гостивар.

Случајот бил пријавен вчера околу пладне во Полициската станица Гостивар.

Според пријавата, тој паднал додека извршувал работни задачи на објект во изградба на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар. По укажана помош во болницата во Гостивар, тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР во редовниот дневен Билтен.

Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Бизнис

УЈП: Исплатата на поврат на ДДВ се уште во тек

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека се уште во тек е исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје треба да заврши до 31 овој месец. Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали […]

Бизнис

„Макканабис“: Политичките партии да го донесат законот за канабис пред распишување на изборите

Здружението на производителите на медицински канабис „Макканабис“ денеска упати апел до трите најголеми политички партии во земјава итно да ги донесат измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотрпони супстанции. Од Здружението побараа […]

Вести

Ново рочиште за „Талир“, Илија Димовски побара одлагање

Со образложувањето на предложените листи со докази од страна на обвинителката Ленче Ристевска, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. На почетокот на судењето обвинетиот […]