Поведена истрага за родосквернавење и обљуба на немоќно лице



Струшко обвинителство поднесе казнени налози против две лица за непочитување на полицискиот час - МИА

Скопје, 4 август 2020 () – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела „обљуба врз немоќно лице“ од член 187 став 1 и „родосквернавење“ од член 194 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 24-годишен жител на радовишко село, на 2 јули, во дворот на семејната куќа, извршил обљуба врз неговата 72-годишна баба, злоупотребувајќи ја нејзината немоќна состојба на болна жена со инвалидитет и моторен дефицит, поради кои не била во можност да се одбрани, наведоа од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата нa претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Седница за избор на заменици министри – пратениците расправаат за образованието, Гоце Делчев, Ковид-19

– Собранието попладнево ја продолжи 13 седница, на чиј дневен ред е Предлогот за именување на заменици на министри во Владата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски процедурално изрази револт од начинот на […]

Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда […]

Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*