Полициски службеници од ЕВР Гази Баба ја лишиле од слобода Б.А.(35) од Скопје



На 22.09.2021 полициски службеници од ЕВР Гази Баба ја лишиле од слобода Б.А.(35) од Скопје поради сомнение за сторени повеќе кривични дела -„измама“ „дрска кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Гази Баба. По судска наредба бил извршен претрес во нејзиниот дом и била пронајдена облеката што ја носела при извршување на кривичните дела. Во присуство на јавен обвинител било извршено препознавање од оштетените, при што биле расчистени шест кривични дела – три измами, една тешка кражба на дрзок начин и две кражби. По целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.