Полицијата разби криминална група, приведени повеќе лица



Во координирана акција што рано утрово ја спроведе полицијата на повеќе локации во Скопје се приведени десет мажи, сите од Скопско, можни членови на криминални групи кои делуваат по подрачјето на СВР Скопје. Ова денеска го изјави Сузана Прањиќ – Талевска, началник на Одделение за информации од јавен карактер во МВР.

– Врз основа на судски наредби извршени се претреси на 34 локации кај вкупно 32 лица во населените места Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар со цел обезбедување и пронаоѓање материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела. При претресите биле пронајдени и одземени патнички моторни возила, пиштоли, пушки, рамки за муниција и муниција, куршуми од различен калибар, панцирни елеци, пренонсни компјутери, мемориски стикови, опрема за видео надзор, мобилни телефони со сим картички, пари во различни апоени, прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја…, рече Прањиќ – Талевска.

Пред и за време на акцијата, а поради сомнение за инволвираност во повеќе кривични дела од слобода се лишени лицата Ф.Л.(47) од с.Грчец, општина Сарај, М.Љ.(38) од с.Грчец, Е.П.(43) од с.Арачиново, Б.А.(34) од с.Арачиново, Ш.М.(28) од с.Арачиново, Ш.М.(34) од с.Арачиново, Ќ.Љ.(28) од с.Грчец, Н.С.(56) од с.Грчец, И.С.(29) од с.Грчец и Ј.С.(30) од с.Грчец.

Приведените се товарат за предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста спрема службено лице, како и сомненија за инволвираност во вршење на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Таа информира дека при преземање дополнителни мерки и активности, непосредно пред започнување на акцијата, вчера во 21.20 часот на ул.„Јадранска Магистрала“ од слобода е лишено лицето И.С.(27) од с.Крушопек, за кое е утврдено дека се бара по централна потерница по член 215 од Кривичниот законик за издржување на казна затвор. Во текот на вечерта од полициски службеници е пронајден, лишен од слобода и предаден во притвор лицето С.И.(27) од Скопје, кај кого претходно, во неговиот дом на ул.„Македонска преродба“ се пронајдени 1,5 килограми марихуана.

Активностите на МВР во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство ќе продолжат и во иднина, со поголем интензитет и зајакнати мерки.

Најави дека активностите на МВР во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство ќе продолжат и во иднина.

Одговарајќи на новинарско прашање Прањиќ – Талевска изјави дека дел од приведените биле поврзани со неоданешното пукање во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.


Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Вести

Митревски: Имам крунски доказ дека Димовски е нелегитимен претседател на ССМ

– Поранешниот лидер на ССМ и акуелен претседател на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика Живко Митревски бара од Владата, премиерот, министерот за труд и социјална политика и вицепремиерот за борба против […]